САД добиле известување за анулирање на договорот за посвојување

Руско-американскиот договор за посвојување, кој стапи во сила на 1 ноември 2012 година, со „законот Дима Јаковлев“ практично се анулира.

САД добија од руските власти известување за прекин на дејството на руско-американскиот договор за посвојување, соопшти на брифингот во вторникот официјалниот претставник на стејт-департментот на САД, Викторија Нуланд.

„Веднаш после Новата година добивме известување од владата на Руската Федерација за решението за прекин на дејството на договорот“, рече Нуланд.

Дејството на овој договор за посинување, кој стапи во сила на 1 ноември 2012 година, преку „законот Дима Јаковлев“ се анулира. Рускиот закон го доби своето неформално име од детето кое загина во јули 2008 година во градот Херндон, откако неговиот татко го оставил цел ден на сонце во затворен автомобил. Според официјални податоци од стејт-департментот на САД, за 20 години бројот на вакви случаи, кога загинувале руски деца од рацете на американските посвојувачи, надминува 20. Притоа, треба да се земе предвид дека се посвоени околу 60.000 деца без родители од Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња