Русија и Европа планираат заедничка мисија на Ганимед, еден од сателитите на Јупитер

Во март во Москва ќе се одржи конференција меѓу руските и европските научници кои ќе дебатираат за идната заедничка научна мисија на сателитот на Јупитер - Ганимед.

Во март во Москва ќе се одржи конференција меѓу руските и европските научници кои ќе дебатираат за идната заедничка научна мисија на сателитот на Јупитер - Ганимед. За ова соопшти директорот на Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науки, Лев Зелени.

„На 4 март ќе се одржи состанок, на кој ќе се разговара за нашиот апарат кој ќе слета на сателитот, како и за одвивањето на мисијата со европскиот проект JUICE“, соопшти Лев Зелени.

Претходно, академскиот советник при Академијата за инженерски науки, Јуриј Зајцев, изјави дека Русија ја изменила задачата на мисијата „Лаплас“, која предвидувала спуштање апарат на сателитот Европа, поради отсуство на соодветна електроника која е отпорна на радијација, и поради комплицираноста за нејзина набавка од САД.

Купувањето на опрема која е отпорна на радијација е доста скапо, и затоа е решено да се промени главниот објект на истражување: спуштањето на Европа е заменет со спуштање на Ганимед, кој е посоодветен од објект од гледна точка на радијацијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња