Кина се надева на успешна соработка со Русија во сферата на безбедноста

Билатералната соработка на Русија и Кина со новиот министер за безбедност на Кина, Го Шенкун, ќе биде успешна.

Билатералната соработка на Русија и Кина со новиот министер за безбедност на Кина, Го Шенкун, ќе биде успешна, изјави Мен Цјанчжу, член на политбирото на ЦК на ККП, на средбата со секретарот на советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Средбата на Цјанчжу со Патрушев, кој во вторникот ја започна својата посета на Кина, се изврши во државната резиденција Дјаојујтај. Членот на политбирото покажал увереност во плодната соработка од обете страни.

Во текот на средбата се дискутираше за прашања поврзани со тероризмот, екстремизмот, сепаратизмот, како и други проблеми.

Сегашниот министер за јавна безбедност на Кина е назначен на оваа функција кон крајот на декември 2012 година. Тој има 58 години. Доктор на науки е за управување, и досега беше секретар на партискиот комитет на Гуанси-Чуанскиот автономен округ - регион во државата со голем број малцинства.

Исто така, во вторникот Патрушев имаше средба со генералниот секретар на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина, Си Цинпин, на која политичкиот лидер на КНР подвлече дека одржувањето на нова рунда руско-кинески консултации по прашањата од стратешка безбедност има големо значење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња