Јапонија се заканува со војна на Кина, Северна Кореја и Русија?

По Интернет се шират гласини за јапонско-кинеска војна, кои имаат свои корени од неодамнешните натписи во весникот „Санкеј Симбун“.

По Интернет се шират гласини за јапонско-кинеска војна, кои имаат свои корени од неодамнешните натписи во весникот „Санкеј Симбун“, кои не ги поврзуваат своите вести со извори. Тие слухови циркулираат дури и по почитувани изданија - дури и по руските. Еден јапонски конзервативен весник соопштува дека владата на Јапонија ги опремува вооружените сили, готвејќи се за конфликт со Кина.

Причина за таа војна - се спорните острови Сенкаку. За да не го трошат својот потенцијал и воен дух залудно, Јапонците сакаат да ја поразат и Северна Кореја, а потоа и Русија.

Како што пишува јапонскиот весник, новата влада ги реорганизира вооружените сили. Од каде мотивот за ова? За ова во „Санкеј Симбун“ доста нејасно зборуваат: се интегрира и подобрува координацијата на сите родови војска.

Се кажува дека првичната цел на воените реформи е подготвеност за 10 до 20 години да се одбие воена агресија од страна на Кина. Во владата сметаат дека Пекинг тогаш ќе се обиде да воведе своја контрола врз островите Сенкаку.

Воените подготовки започнале веднаш после доаѓањето на новата власт. Веќе е планирано истоварување на 2.200 војници од морската пешадија на спорните острови.

Што се однесува до Северна Кореја и Руската Федерација, со нив Јапонија, засега планира само разузнавачки операции. Според информациите од „Санкеј Симбун“, владата на Јапонија недвосмислено даде до знаење дека освен Кина, како воена опасност се сметаат и Северна Кореја и Русија.

Зголемувањето на страстите околу идната кинеско-јапонска војна може да има во позадина само еден извор... Вашингтон. На САД им одговара било каква конфронтација со Кина: американската одбранбена стратегија и така ја смести Кина во редот на „хегемоните“. Политиката на зголемување на тензиите ќе биде насочена и против Северна Кореја и Русија, кои во 2013 тешко дека можат да бидат наречени „пријатели“ од американска страна. Ако со Северна Кореја и така сѐ е јасно, тогаш Москва „војува“ со Вашингтон со последниот спор околу месото, но и во редица правни области („законот Магнитски“, „законот Дима Јаковлев“), против „Патриотите“ во Турција, ракетниот штит во Европа, официјално ја осудува квазидемократската политика на САД, не се согласува по сириското прашање, па уште и активно соработува со Кина. Што се однесува со директната економска соработка меѓу Русија и САД, не може ни да не споредува истата со руско-кинеската економска соработка. Треба ли воопшто да се наведуваат зборовите на Хилари Клинтон за тоа дека нејзината држава нема да допушти евроазиска „ресоветизација“?... Сето тоа малку помага во корист на дружењето меѓу народите.

Шинзо Абе, новиот премиер на Јапонија, кој погледнува низ американскиот „грб“ - не е ниту Обама, ниту Буш, ниту Клинтон, - тој треба од со сите свои сили да размисли дека американците ќе ја искористат Јапонија за сопствените (а не јапонските) интереси во светот. Зголемувањето на притисокот околу островите и воената хистерија можат само да испровоцираат влошување на односите меѓу Кина и Јапонија и да предизвикаат пад на јапонската економија. Последното не е само лош сон на премиерот - туку е реалност - на 5-ти јануари станаа познати резултатите од анкетата спроведена од јапонската информативна агенција „Киодо“. Стана јасно дека две третини од населението на Кина ги бојкотира јапонските производи. Причина за бојкотот е конфликтот меѓу Пекинг и Токио околу островите Сенкаку. И не само тоа - повеќе од 65% од жителите на Јапонија и Кина нема да ја посетат соседната држава поради овој територијален спор.

Во минатата година во септември, кинеските бродови десетина пати влегуваа во зоната на спорните острови, игнорирајќи ги јапонските протести. На 13 декември патролниот авион на Државниот океанографски институт на Кина го прелета воздушното пространство над островите. Јапонија веднаш даде наредба да се полетаат F-15. Каде е тенко, таму и се кине.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.