Зимската сесија започна во универзитетите во Русија

Зимската сесија за повеќето руски студенти почна во последниот ден на новогодишните празници во Русија.

Зимската сесија за повеќето руски студенти почна во последниот ден на новогодишните празници во Русија, и истата ќе трае до крајот на јануари. Во овој период студентите посебно силно веруваат во трети сили и се надеваат на среќа.

Обично почетокот на сесијата зиме се совпаѓа со новогодишните празници, но во оваа година повеќето руски универзитети ќе започнат со неа на 9 јануари. Само одделни универзитети започнуваат дури и порано, од 5-ти или 6--ти јануари.

Според наставниот план на универзитетите, во сесијата може да се полагаат најмногу 5 испита. Меѓу нив се планирани и денови за подготовка, обично не помалку од три.

Во повеќето универзитети официјално преполагањето се дозволува само после сесијата, и тоа не повеќе од три пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња