Русија без Кјото

Руската Федерација, заедно со Јапонија и Нов Зеланд, се откажа да ги презема новите обврски за намалување на емисијата на гасови.

Според решението на земјите-потписнички на Кјотскиот протокол, на 1 јануари 2013 година започна вториот период за остварување на обврските - но не и за Русија. Руската Федерација, заедно со Јапонија и Нов Зеланд, се откажа да ги презема новите обврски за намалување на емисијата на гасови кои влијаат за појава на ефектот на „стаклена градина“ до 2020 година.

Русија, за разлика од Канада, официјално не излезе од договорот. Освен тоа, Русија повеќепати изјавуваше на преговорите во ООН дека ќе продолжи да ги следи нормите на протоколот за годишниот отчет за количините на исфрлени гасови. Откажувањето на Руската Федерација од Кјото-2, сепак, ќе го затвори патот за “кјотските“ проекти кои се планира да се остварат колективно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња