Раководителот на Роскосмос ги сумираше резултатите од изминатата година

Раководителот на Руската федерална вселенска агенција Владимир Поповкин: „Прелиминарните податоци покажуваат зголемување за 14.9% во ракетната и во вселенската индустрија во 2012.“ Извор: ИТАР-ТАСС.

Раководителот на Руската федерална вселенска агенција Владимир Поповкин: „Прелиминарните податоци покажуваат зголемување за 14.9% во ракетната и во вселенската индустрија во 2012.“ Извор: ИТАР-ТАСС.

Раководителот на Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос), Владимир Поповкин, за Известија зборуваше за новите ракети, изградбата на нов космодром и за плановите за меѓународна соработка во областа на истражувањето на вселената.

Известија: Господине Поповкин, каква беше изминатата година во областа на ракетната и вселенската индустрија? 

Владимир Поповкин: Кампањата за лансирање заврши на 19 декември. Имавме 28 лансирање, со кои во орбитата беа испратени 35 летала. За жал, поради дефектот на „Бриз-М“, „Експрес МД2“ и „Телком-3“ не успеаја да стасаат до својата цел во орбитата, како „Јамал-402“. 

Русија зеде учество во две лансирања во Француска Гвајана и две кои беа дел од Морската лансирачка програма. Изминатата година имаше помалку лансирања одошто во 2011. Но, треба да се земе предвид дела на глобално ниво лансирањата се намалија, така што насекаде имаше намален број лансирања. 

Известија: А, што станува со индустријата во целост? 

В.П.: Прелиминарните податоци покажуваат зголемување за 14.9% во ракетната и во вселенската индустрија во 2012. Државната програма за вооружување и зголемувањето на финансирањето во Федералната вселенска програма се причината за тој раст. 

Едно од нашите најголеми достигнувања изминатата година е почетокот на изградбата во полн обем на космодромот „Восточни“ во Амурската област: темелите се веќе поставени, а во моментов се изведуваат работи за поддршка на инфраструктурата, како што е снабдувањето со електрична енергија, патишта и железница. 

Известија: Ќе биде ли возможно да се изведе тестирање на ракетата Ангара ова лето, како што беше планирано? 

В.П.: Малку доцниме за тоа, но и градежниците и производителите на површинската опрема работат напорно за да се заврши до март. Март ни е референтната точка; во тој период планираме да започнеме со тестирање на тежината и на горивото. 

Уверени сме дека ќе бидеме во можност да спроведеме тестирање на „Ангара“ следната година, но распоредот ќе биде познат во март. 

Известија: Дали самите ракети се подготвени? 

В.П.: Лесните ракети се подготвени. Тешките ракети ќе бидат произведени во првиот квартал од 2013 година. 

Известија: Колку е веројатно дека ќе продолжи вселенскиот туризам на МВС (Меѓународна вселенска станица)? Медиумите јавуваат дека пејачката Сара Брајтман се подготвува да полета... 

В.П.: Немаме никаков проблем со тоа што луѓето се подготвуваат да полетаат на МВС, но сè уште немаме потпишано никакви договори. 

Според договорот помеѓу Роскосмос и НАСА, супер-проширена експедиција од дополнителни два члена на екипажот за МВС е закажана за 2015, при што секој член на екипажот ќе помине една година на станицата. Во исто време, максималната гарантирана должина на престој во леталото Сојуз во орбитата е половина година. 

Ова значи дека леталото што ќе долета до МВС мора да биде заменето за време на супер-проширената експедиција. 

Сега прашањето е како да го направиме тоа? Треба да земеме двајца туристи и да ги вратиме назад за 10 дена. Или, пак, да испратиме експедиција. Да се испратат обучени руски космонаути за 10 дена како туристи на државен трошок не е најдобра идеја. 

Згора на тоа, нашите европски колеги изјави желба да откупат едно слободно место за нивни астронаут. Ние ги земаме предвид сите позитивни и негативни аспекти, и планираме да донесеме одлука во првиот квартал од годинава. 

Известија: Каков е статусот на договорот за проектот ЕксоМарс со Европската вселенска агенција? 

В.П.: Во принцип постои договор. Тој би требало да биде потпишан. Започнавме со финансирање на овој проект. 

Известија: За колкава сума станува збор? 

В.П.: Доволна за да се изведе проектот. 

Известија: Дали Русија ќе треба да учествува во уште нешто во овој проект, освен со носачите на ракети? 

В.П.: Нашето учество не се сведува само на ракетите. Ние имавме можност да се договориме за следново: во 2016, Протон ќе лансира европски орбитер на Марс, кој ќе носи неколку руски уреди за истражување, како и нашиот експериментален модул за приземјување. 

Потоа, во 2018, ќе го испратиме роверот Марс кој ќе носи голема европска и руска истражувачка опрема, со што за првпат во историјата ќе добиеме примероци од почвата на Марс од длабочина од неколку метри. Научните податоци ќе бидат пренесени преку орбиталниот модул од мисијата 2016. 

Имавме средба на 21 декември 2012 и се договоривме да потпишеме договор во првиот квартал од 2013. Договорени сме за сè, а задоцнувањето е заради комплицираните официјални процедури на ЕВА. Се договоривме да го финализираме договорот со последното писмо до 20 јануари. 

Известија: Дали планирате соработка со ЕВА и на некои други проекти? Дали размислувате за втор обид за проектот Фобос-Грунт, на пример? 

В.П.: Имаме договор за соработка со ЕВА за проектот Марс. Заедно со нив работиме и на Месечината, обединување на научно-истражувачките проекти за Сонцето и истражување на Ганимед, сателитот на Јупитер. 

Целни групи беа распоредени за сите оние области со цел да се подготват соодветни договори. Генерално, не е возможно да се остварат големи вселенски проекти без меѓународна интеграција. 

Текстот е објавен во весникот „Известија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња