Медведев го утврди планот за развој на конкуренцијата во рускиот бизнис

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го утврди планот и дејствата според програмата „Развој на конкуренцијата и усовршување на антимонополската политика“, изјавено е на прес-конференцијата на руската влада.

Со овој план се утврдуваат системските мерки кои се однесуваат на намалувањето на државниот сектор во економијата, вклучување на мерките за развој на конкуренција во редот на приоритетните на извршната власт, и тоа во: пазарот на медицински услуги, нафтените продукти, комуникацијата, авио-превозот, медицински препарати и претшколско образование.  

Како што беше забележано на прес-коференцијата на владата, во текот на реализацијата на програмата за развој на конкуренцијата, биле откриени определени недостатоци, меѓу нив и отсуство на показатели за ефективноста на реализацијата на зацртаните планови, формалните клучни резултати и недоволното заемно дејство со претставниците од бизнис заедницата.

„Патната карта“, како што е насловен планот, предвидува етапен приод кон ова прашање, како и создавање на список на приоритетни гранки и системски дејства на годишна основа, а исто така и оперативна оценка за исполнувањето на мерките и обновувањето на планот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња