Во Санкт Петербург принудно слетал авион

Патниците од авионот кој принудно слета во Санкт Петербург се упатиле кон Франкфурт со друг авион.

Airbus А320 на авиокомпанијата „Русија“, кој денеска се упатил во Франкфурт со летот број 245, принудно слетал во Пулково. Буквално неколку минути после полетувањето се активирале предупредувачките сигнали, и капетанот на авионот донел решение да се врати авионот во аеродромот.

Конкретно не можеме да кажеме каков дефект има авионот. Познато е само дека авионот беше заменет поради технички причини, соопштиле во компанијата. После слетувањето патниците се преместиле во друг авион - Airbus A319, кој веќе слетал во Франкфурт со мало закаснување. Никој од патниците кои летале не е повреден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња