Во Краснојарск се задржани двајца жители на Енисејск и Лесосибирск, кои се обиделе да продадат повеќе од 200 килограми црн кавијар за 1.500.000 рубљи (околу 2.250.000 денари). За ова соопштија во главната управа на МВР за Краснојарскиот крај.
Деликатесот бил поделен во пластични кутии по 500 грама, а за секој пакет продавачите барале по 8 илјади рубљи.
Во одделението на полицијата, задржаните изјавиле дека го купиле кавијарот на северот на Крајнојарскиот крај, и го донеле во градот Краснојарск за да заработат за време на празничните денови.
Невнимателните бизнисмени ќе добијат кривична пријава за продажба на стока добиена по нелегален пат. Во законот за ова е предвидена казна до 3 години затвор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче