Претседателот на Јакутија, Егор Борисов, воведе на територијата на републиката вонредна ситуација. Вонредната состојба е воведена поради зголемувањето на нападите од страна на волците врз домашните животни.
Од 15 јануари 2013 година во републиката ќе започне тромесечен период на борба со волците. Ќе бидат формирани бригади на ловци за отстрел на тие животни.
Властите се намерени да плаќаат награди за секоја волчја кожа. Освен тоа, на најдобрите ловци ќе им бидат исплаќани посебни премии. Сумата засега не кажува во медиумите, но, како што е пренесено во прес-конференцијата, таа ќе биде шестоцифрена.
Сезоната на лов на волци ќе биде отворена се додека бројот на овие животни не падне до 500 - имено таквиот број, според пресметките на научниците, е оптимален за регионот. Денеска на територијата на Јакутија живеат повеќе од 3,5 илјади волци.
Според податоците на министерството за земјоделство на Јакутија, во 2012 волците усмртиле 313 коњи и повеќе од 16 илјади домашни елени.
Специјалистите сметаат дека волците сѐ почесто ги напаѓаат домашните животни поради намалувањето на популацијата на зајаците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче