Вице-премиерот на Волгоградската област е задржан за мито од 17 милиони рубљи

Борбата против корупцијата во Русија продолжува.

Вице-премиерот на Волгоградската област е задржан за мито од 17 милиони рубљи (околу 25 милиони денари). Според оперативната информација, парите чиновникот ги добил од еден од претприемачите за помош во склучувањето на државен договор за право на извршување на генерален ремонт на деветкатница. Парите биле дадени преку посредник. Посредникот, исто така, е задржан. Поднесена е кривична пријава. За ваков вид прекршок следува казна до 15 години затвор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња