Евгениј Плушченко и Јана Рудковскаја добија син

Познатиот руски лизгач, Евгениј Плушченко и продуцентот Јана Рудковскаја добија син. Како што соопштува „Россия 24“, бебето веќе доби име - Александр. Ова е прво дете на овој брачен пар.

На личната страница на Јана Рудковскаја на Интернет, корисниците веќе оставаат честитки за синот-првенец. Новопечената мајка во својот микроблог на Интернет доби честитки од пејачката Наталија Штурм.

„Јана Рудковскаја доби син! Честитки за прекрасниот пар!, напишала Наталија. Поздрави и за таткото, здравје и сѐ најдобро во животот!“.

 Среќниот татко ја сподели радоста во весникот „Вечерна Москва“. „Родовите поминаа добро! Тоа е најважно. Јас многу се грижев. Дури немам зборови колку сум среќен!“, рекол Евгениј Плушченко. Според информацијата на весникот, мајката и бебето се чувствуваат добро.

Порано парот изјавуваше дека го чекаат бебето кон крајот на декември или почетокот на јануари. Не беше исклучено дека тоа ќе се случи на роденденот на Јана Рудковскаја - 2 јануари. Сепак, бебето со тежина од 2,8 килограми се појави на свет пред Божиќ.

Треба да се забележи дека Евгениј и Јана веќе имаат деца од претходните бракови. Јана има синови - Андреј и Николај од бракот со бизнисменот Виктор Батурин (таа во 2011 призна дека постариот од синовите е посвоен). Евгениј Плушченко исто така има син од бракот со Марија Ермак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња