Божиќната порака на Патријархот Московски и на цела Русија - Кирил, кон сите верници на Руската Православна Црква:
Возљубени во Господа архиереи, преподобни презвитери и ѓакони, богољубиви монаси и монахињи, драги браќа и сестри!
Денес Светата Црква радосно го прославува раѓањето на Господ, Спасителот наш Исус Христос од Пресвета Богородица.
Создавачот, сакајќи ја Својата творба, се појавил во плот, станал човек, ист како нас, освен во грев. Младенецот се појави во јасли во Витлеем. Тој го направи тоа за да го спаси светот од духовниот и моралниот пад, за да го ослободи човекот до стравот од смртта. Творецот ни предлага да го прифатиме најголемиот од сите подароци: Својата Божествена љубов, величината на животот. Во Христа ние стануваме способни да прифатиме надеж која го победува стравот, да достигнеме светост и бесмртност.
Тој дојде во нашиот свет измачен од грев, за со Своето раѓање, живот, страдања, и распнување да утврди нов закон, нова заповед - заповедта на љубовта. „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг“ - тие зборови Господ ги зборуваше на своите ученици, а преку нив, и на целиот свет: на оние кои живееле во тоа време, кој живее денес, и на оние кои ќе живеат по нас, до крајот на времето.
Секој човек е повикан да одговори на оваа заповед со свои дела. Како што Христос ни ја покажа вистинската милост, безграничната милост за нашите недостатоци, така и ние треба да бидеме милостиви и на им простуваме на луѓето. Треба да се грижиме не само за нашето семејство и блиски, иако за нив најпрво треба да се погрижиме, и не само за нашите пријатели и истомисленици, туку и за тие кои сѐ уште не постигнале единство со Бога. Ние сме повикани да ја прифатиме љубовта на Спасителот, да се молиме за оние кои угнетуваат и навредуваат, постојано да имаме во своите мисли добро за сиот народ, Татковина и Црква. Извршувајќи добри дела, секој од нас е способен да ја измени барем во мала мерка реалноста околу нас кон подобро. Само така ние заедно ќе станеме посилни. Бидејќи беззаконието не неспособно да ја победи љубовта, како што темнината не може да ја проголта светлината на вистинскиот живот.
Во историјата на нашата Татковина има многу примери за тоа како нашиот народ, ставајќи ја својата доверба во Бога, надминал тешкотии, наоѓал начини за излез од најтешките искушенија.
Многу од овие настани ние ги паметиме во минатата година. Прославивме 400 години од излегувањето од Темното време, кое заврши со протерување на окупантите и враќање на националното единство. Беше одбележана, исто така, 200 годишнината од Татковинската војна во 1812 година, во која нашите предци даваа отпор на огромната армија, собрана од Наполеон од цела покорена Европа.
2013 година ќе биде одбележана со празнувањето на 1025-годишнината на крштевањето на Русија од великиот кнез Владимир. Прифаќањето на православната вера беше почеток на нова ера во животот на нашиот народ. Светлината на Христовата вистина, која некогаш блескала на благословените Киевски ридови, и сега ги просветлува срцата на жителите на државите на историската Русија, која ни го покажува патот кон добрите дела.
Сумирајќи ги резултатите од минатата година, да му се заблагодариме на Бога и Неговата голема и богата милост, и за тие болки и навреди кои Тој нам ни давал да ги трпиме. Во текот на целата своја историја, Црквата не знаела долги периоди на просперитет: во време на мир и спокојство доаѓале времиња на незгоди и искушенија. Но во сите оконолности, Црквата со збор и дело ја носела Божјата вистина, како што и денес прави, укажувајќи дека општеството кое е засновано на принципите на профитот, неограничена слобода, занемарување на вечните вистини, негирањето на авторитетите е морално нездраво и е загрозено од многу опасности.
Ги повикувам сите да бидат трпеливи и за молитва за Мајката-Црква, за народот Божји, за родната земја. Секогаш сеќавајте се на зборовите на апостолот: Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки, кај вас сѐ да станува со љубов.“ (1 Кор. 16, 13-14).
Срдечно ви го честитам денешното славје, со молитва се молам за сите нас на Исус Христос за духовни и телесни сили, за да може секој од нас да сведочи, дека родениот денеска Господ Бог наш е Љубов. Амин.
Патријархот Московски и на Цела Русија. Божиќ 2012/2013, град Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче