Рускиот водечки произведувач на мотори, ОАО Климов, наскоро ќе го започне тестирањето на сосема нов мотор за офанзивни хеликоптери, изјави заменикот премиер, Дмитриј Рогозин.
ВК-2500 се произведува под закрила на специјалната федерална програма за развивање на рускиот одбранбен сектор, користејќи исклучително делови направени во Русија.
„Ние целосно се повлекуваме од увозот на делови“, објасни Рогозин.
Околу 50 нови мотори се направени за Ка-52 и Ми-28 хеликоптерите, а од 2015, бројот на произведени мотори годишно ќе изнесува 400.
„Секоја година ќе опремуваме по 200 хеликоптери со новите мотори“, додаде Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче