Првото лансирање на „Ангара“ ќе се изврши оваа година

Лансирањето на еколошки чистата ракета „Ангара“ е треба да се изврши во втората половина на 2013 година од космодромот „Плесецк“.

Лансирањето на еколошки чистата ракета „Ангара“ е треба да се изврши во втората половина на 2013 година од космодромот „Плесецк“. Разработката на новата ракета била започната уште во 1995 година. Користејќи ја нејзината основа, планирано е да се создаде цело семејство ракети од разна класа, кои ќе можат понатаму да ја заменат ракетата „Протон“. Откажувањето од ракетата „Протон“, во која како гориво се користи токсичниот хептил, ќе дозволи Русија да реши низа проблеми со Казахстан, кој сака да го прекине лансирањето на овој вид ракети од Бајконур.

Како што порано соопштија од центарот каде се создава „Ангара“, првите лансирања на ракетата од лесна категорија „Ангара-1.2 ПП“ и тешка категорија „Ангара-5“ - се планирани во оваа година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња