Претставени се резултатите од работата на иновацискиот центар „Сколково“

„Сколково“ претставува современ научно-технолошки иновациски комплекс за разработка и комерцијализација на нови технологии.

Иновацискиот центар „Сколково“ (Силиконската долина во Русија) - се гради во Подмосковје. „Сколково“ претставува современ научно-технолошки иновациски комплекс за разработка и комерцијализација на нови технологии. Ова е прв „научен град“ изграден во Русија после распадот на СССР. Во комплексот има посебни економски услови за компаниите кои работат во приоритетните гранки за модернизација на економијата на Русија: телекомуникација и космос, биомедицински науки, енергетска ефективност, информатички  технологии, а исто така и нуклеарни технологии.

На територијата на „Сколково“ (околу 400 хектари) ќе живеат околу 21.000 жители, а уште 21.000 секојдневно ќе доаѓаат на работа во иновацискиот центар.

Последниот состанок во 2012 на фондот „Сколково“ се одржа во Минхен. Тој се одржа во минхенското седиште на компанијата Сименс. Шефот на „Сколково“, Виктор Векселберг, ја нарече таа компанија „клучен партнер“ на фондот. Претседателот на Сименс, Питер Лешер, изјави на состанокот: „Сколково“ е многу важен за Русија, но е уште поважен за меѓународната научна соработка“.

На состанокот присуствувале и раководителот на „Роснано“, Анатолиј Чубајс, директорот на Курчатовскиот институт, Михаил Ковалчук и ректорот на Московскиот државен технички универзитет, Анатолиј Александров.

На состанокот членовите на фондот го усвоиле извештајот за 2012 година, кој го претстави заменикот на претседателот на „Сколково“, Алексеј Белтјуков. Од планираните 6,3 милијарди рубљи (околу 9,5 милијарди денари) за грантови, биле потрошени само 3 милијарди рубљи (околу 4,5 милијарди денари). Денес резиденти во „Сколково“ се околу 700 компании (иако, според планот, требало да има 500).

Како што забележа Виктор Векселберг, при планирањето на таа цифра, имало стравови дека нема да биде достигната. Во реалноста се покажа дека тие стравови биле преувеличени.

„Средно земено, секоја недела во фондот пристигнуваат 50 барања, од кои 10 се одобруваат“, појасни заради подобра прегледност Алексеј Белтјуков.

Главен успех на „Сколково“ во 2012, како што сметаат членовите на советот, е „создавањето критичка маса“, неопходна за создавање во Русија на екосистем кој ќе биде полезен за иновациски развој.

Во идниот период ние пред себе ќе ставиме задачи за постигнување на одредени квалитативни резултати од ефективноста на работата на нашиот фонд. За такви ние ќе ги сметаме и барањата за интелектуална сопственост (патенти). Нивниот број во идната година не треба да биде помал од 100. Уште еден показател е создавањето на работни места за специјалисти. Тоа е една од задачите пред Русија - создавање на 25 милиони работни места за специјалисти до 2020 година.

До 30 ноември 2012, приходот на компаниите кои се наоѓаат во „Сколково“ изнесува 400 милиони рубљи. Во 2013 година оваа цифра треба да изнесува 1 милијарда рубљи (1,5 милијарда денари), а за 5 години - 5 милијарди рубљи (7,5 милијарди денари).

Во „Сколково“ во моментот има 12,5 илјади работни места, во оваа година треба да се создадат уште 7,5 илјади, а во 2014 - уште 5 илјади работни места. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.