Францускиот актер Депардје доби руско државјанство

Извор: РИА Новости / Јуриј Чичков.

Извор: РИА Новости / Јуриј Чичков.

Истакнатиот француски актер Жерар Депардје го доби рускиот пасош на средбата со претседателот Владимир Путин во Сочи. Додека некои експерти овој потег го сметаат за контроверзен, други го гледаат како позитивен знак кој може да резултира со масовна миграција на богатите Европејци во Русија.

Иако Жерар Депардје го доби рускиот пасош, а со тоа и руско државјанство, по состанокот со претседателот Владимир Путин, и иако ова може да даде позитивна слика за земјата, според мислењето на определени експерти, Русите можеби ќе зажалат за овој чекор како морално предизвикувачки и контроверзен. Други, пак, сметаат дека решението што го донесе Депардје може да предизвика масовна миграција на Европејците во Русија.

Путин имаше куса средба со Жерар Депардје при приватната посета на актерот на Русија. Депардје го доби рускиот пасош на црноморско одморалиште Сочи, каде што се сретнал со Путин, изјави денес порт-паролот на претседателот Дмитриј Песков.

 

Истакнатиот француски актер Жерар Депардје доби руски пасош. Карикатура: Наталија Михајленко

„Депардје доби руски пасош“, потврди Песков. За време на средбата Путин и Депардје разговарале за филмот за Григориј Распутин во Русија, во кој Депардје го игра Распутин. 

Претходно канцеларијата за односи со јавноста на Кремљ извести дека Путин го потпишал декретот со кој на Депардје му се дава руско државјанство. 

Француската филмска икона е среќен за добивањето на руското државјанство: Депардје рече дека ја сака Русија и вети дека ќе научи руски и оти ќе се вдоми на место, оддалечено неколку километри од Москва. 

Депардје неодамна се откажа од француското државјанство и се отсели во Белгија, во пограничното гратче Нешен. Неговата одлука да се пресели во Белгија беше донесена пред владата предводена од социјалистите да го зголеми на 75% проценти од годишната заработувачка за оние што заработуваат над 1.3 УСД. За споредба, во Русија постои фиксна даночна стапка од 13%. 

Францускиот врховен суд подоцна го одби контроверзниот владин предлог за воведување „суперданок“ за богатите, оценувајќи го како дискриминаторски и противуставен. 

Константин фон Егерт, познат руски колумнист за радиото Комерсант и РИА Новости, верува дека одлуката на Путин да му додели руско државјанство на Депардје „треба да ги исполни душите на Русите со гордост.“ 

Во исто време, одлуката на Депардје може да ги подели Русите во своите видувања, додава колумнистот. „Додека мнозинството без сомнение ќе бидат среќни да имаат светски познат актер за свој сонародник, малцинството го ставаат под знак прашање интегритетот на Депардје,“ вели Егерт во својата недамнешна колумна за РИА Новости

„Дилемата е повеќе морална,“ вели Егерт. „Едно видео на ЈуТјуб го покажува Депардје како минатата есен на искривен руски извикува „Да живее Рамзан!“на јавната прослава на роденденот на чеченскиот лидер во чеченската престолнина Грозни.“ 

Според Егерт, Депардје го вознемирува јавното мислење. 

„Во неговото писмо на благодарност до Владимир Путин тој ја пофали Русија за 'големата демократија,'“ вели Егерт. „Ова натера многу руски интелектуалци да се побунат за недостатокот на морал кај францускиот акетр. Ваквите дебати се карактеристични за современа Русија, каде во изминативе неколку години однесувањето и репутацијата на јавните личности стана мошне актуелна.“

Француската филмска икона е среќен за добивањето на руското државјанство: Депардје рече дека ја сака Русија и вети дека ќе научи руски и оти ќе се вдоми на место, оддалечено неколку километри од Москва. 

„Низата закони предложени од Кремљ со кои се ограничуваат човековите права и 'законот анти-Магнитски' кој беше донесен неодамна, со кој се предвидува државјаните на САД да не можат да посвојуваат деца од Русија, за многумина беше морален и политички предизвик. 

„Овие предизвици сега имаат свои одговорности, вклучувајќи ја и штетата во личните односи на двете политички страни. Жерар Депардје, ако реши да живее во Русија, наскоро ќе сфати што значи тоа,“ вели Егерт. 

Во меѓувреме, кога беше запрашан за одлуката на Депардје, заменикот на премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, одговори: „Западот не е добро запознаен со особеностите на нашиот (руски) даночен систем. Кога ќе дознаат повеќе за него, очекуваме масовна миграција на богатите Европејци во Русија.“ 

По одлуката на Депардје, француската актерка Брижит Бардо се закани дека ќе го следи примерот на нејзиниот колега и ќе побара руско државјанство, иако од сосема други побуди, јавува РИА Новости. 

Познатата актерка и борец за правата на животните, 77-годишната Бардо изјави дека ќе биде приморана да стане Русинка доколку француските власти не го повлечат својот план за еутаназија на два болни слона во зоолошката градина во Лион. 

Оваа статија е подготвена врз основа на материјали од РИА Новости и Ведомости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња