Играчот од средината на теренот во милански „Интер“ и националната селекција на Холандија Весли Снајдер, може уште зимоска да прејде во екипата на петербуршки „Зенит“.
Според информациите од италијанските медиуми, иницијатор на понудата за 28-годишниот играч од маневарот во екипата на „сино-белите“ е Лучано Спалети, кој признава дека сака да го види Снајдер во својата екипа. Тренерот на „Зенит“ му ги соопшти своите намери на раководството на клубот, кое е подготвено за услугите на Снајдер да издвои 20 милиони евра.
Снајдер од неодамна им се врати на тренинзите во составот на „Интер“ по неколку повреди, иако намерата да замине од миланскиот клуб за него останува примарна опција. Во своето последно интервју, холанѓанецот децидно подвлече дека сака да си замине од „Интер“.
„Очигледно е дека за сите нас ќе биде подобро, ако јас си заминам од „Интер“ оваа зима“, - соопшти Весли за холандски DeTelegraaf.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче