Во Јакутија температурите паднаа до -53 степени

Неверојатно ниски температури во делови на Русија.

Денеска температурите нагло се спуштија во Јакутија. Ладен фронт го зафати овој дел на Русија, спуштајќи ги температурите и до -50 степени Цензиусови. Најниската температура е забележана во Ојмјакон (-53) и во градот Верхојанск (-52), соопштува ИТАР-ТАСС.

Температурата од -40 до -49 степени во петокот се задржала во 21 населено место во Јакутија, а само во шест населени места температурите, според „зимските“ стандарди на Јакутија, е “топла“ и изнесува од -20 до -29 степени.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.