„АвтоВАЗ“ ги покажа резултатите од своите продажби за 2012 година. Вкупниот број на продадени автомобили достигна 608.205 единици. Средно земено, „АвтоВАЗ“ продавал по 61 автомобил на час, односно по 1,01 автомобил секоја минута. За едно деноноќие се продавале 1.500 автомобили, а во една недела - по 10.300, а месечно - по 44.800 автомобили.
Освен тоа, „АвтоВАЗ“ го соопшти и бројот на продадени „Лади“ во странство. За целата 2012 година, рускиот производител на автомобили во светот продал 70.580 автомобили.
Рејтинг на продажбата на руските автомобили „Лада“ во 2012 година
Модел | Количество продадени автомобили |
Priora | 125 951 |
Granta | 121 151 |
Kalina | 119 890 |
Samara | 67 971 |
4x4 | 54 656 |
2104/2107 | 32 444 |
Largus | 15 559 |
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче