Русија ќе се ослободи од тенковите Т-62

Вооружените сили на Русија во 2013 година ќе се ослободат од застарените средни тенкови Т-62, пишува весникот „Известија“.

Вооружените сили на Русија во 2013 година ќе се ослободат од застарените средни тенкови Т-62, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана. Според прифатеното решение, утилизацијата на тенковите треба да започне деновиве. Наредбата за повлекување од служба на застарените Т-62 беше донесена во 2011 година од поранешниот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков.

Според зборовите на изворот од Министерството, останале во Русија уште 900 тенкови Т-62. Тие се веќе предадени на компанијата „Спецремонт“, која ќе ја врши утилизацијата на застарената техника. Меѓутоа, моторите и други поважни делови ќе бидат извадени и ставени во склад на чување, каде што ќе се чека нивен купувач. Некои држави веќе пројавија желба за купување на резервни делови за своите тенкови Т-62.

Тенкот Т-62 е создаден врз основа на Т-55 кон крајот на 50-те години на ХХ век. Неговото сериско производство траело од 1961 до 1975 година. Главниот топ имал 115 милиметри и митралези со калибар 7,62 и 12,7 милиметри. Тенкот може да достигне брзина од 50 километри на час, а со еден резервоар може да оди до 500 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња