Русија ќе добие нови станици за предупредување од ракетен напад

Во Енисејск и Барнаул ќе изградат станици за предупредување од ракетен напад.

Заменик министерот за одбрана, Олег Остапенко, соопшти дека радиолокациски станици во состав на рускиот систем за предупредување од ракетен напад ќе се градат по целиот периметар на Русија. Први места на овој список каде ќе се градат вакви станици се Енисејск и Барнаул.

Се очекува цела Русија да биде опкружена со далекусежни радари до 2020 година. Во државниот план за финансирање и набавка на оружје за оваа година, за неколку пати е зголемено финансирањето на оваа програма за изградба на ваков вид радиолокациски станици. Затоа експертите уверуваат: ако оваа тенденција остане иста и во иднина, опремувањето на армијата со станици од типот „Воронеж“ и создавање на систем за предупредување од ракетен напад ќе се одвива со забрзано темпо.

Министерството за одбрана веќе располага со четири вакви станици: во Санкт Петербург, Калининград, Армавире и Усолје на Сибир. Кога ќе проработат сите радиолокациски станици, Русија ќе биде целосно заштитена од ненадејни напади од југ и југо-запад. А северниот и југо-источниот правец ќе бидат заштитени од станиците во Енисејск и Барнаул. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња