Путин се најде на второто место во списокот на највлијателни луѓе во светот, составен од евроазиската едиција на Foreign Policy. Под „влијателност“, како што појаснија составувачите на рејтингот, се подразбира „способноста да се преземаат решенија кои влијаат на животот и благосостојбата на голем број луѓе“.
Првото место во овој рејтинг остана празно. „Во светот без херои сите чекаат некој, кој може да ги преземе на своите рамена најтешките и опасни задачи, се кажува во статијата. - Сите останати лидери кои се најдоа во нашиот список - се премногу загрижени со решавање на локалните и регионалните проблеми“.
Коментирајќи го второто место на претседателот на Русија, Foreign Policy укажува дека „иако тој не е толку популарен, колку што се има навикнато да биде, а неговата држава нема толкаво влијание, како што имаше СССР, никој на планетата не сосредоточил во своите раце повеќе локална и регионална власт, како што тоа го има направено Путин“.
Третото место му припадна на шефот на Федералните резерви на САД, Бен Бернанке. На светот му е потребен економскиот раст на САД, а Бернанке директно може да влијае на тој процес, го појаснува својот избор Foreign Policy.
Едно место подолу е Ангела Меркел, чија политика е „лепак кој ја држи Европа заедно“.
Американскиот претседател се најде на петтото место на овој рејтинг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче