Продажбата на подновената Лада Приора ќе започне наесен

Рускиот концерн „АвтоВАЗ“ е спремен наесен да ја пушти во продажба подновената верзија на автомобилот Лада Приора.

Рускиот концерн „АвтоВАЗ“ е спремен наесен да ја пушти во продажба подновената верзија на автомобилот Лада Приора. За ова соопштува шефот на управата за маркетинг на „АвтоВАЗ“, Александар Бредихин. Според неговите зборови, подновената Приора ќе добие не само изменет надворешен вид, но исто така и редица нови технологии. Цената на подновената верзија не беше соопштена.

Во автомобилот ќе има нови седишта, странични воздушни перничиња, мултимедијален систем, клима и др. Автоматски менувач нема да има во подновената верзија.

Од 2016 година „АвтоВАЗ“ планира да пушти во производство нова Лада Приора која ќе се базира на сегашната платформа на Лада Б. Се очекува овој автомобил да добие некои од цртите на концепт-автомобилот Лада Xray, чиј дизајн го создаде новиот главен дизајнер во „АвтоВАЗ“ - Стив Матин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња