После Депардје, и Брижит Бардо бара руско државјанство

Брижит Бардо има намера да поднесе барање за добивање руско државјанство.

Легендата на француската кинематографија и познат заштитник на животните, Брижит Бардо, има намера да поднесе барање за добивање руско државјанство, доколку властите во зоолошката градина во Лион се решат да ги успијат двата болни слона од туберкулоза.

Според зборовите на актерката, на таков чекор ја натера нереагирањето на француските власти околу прашањето за заштита на животните.

„Јас ќе побарам руско државјанство за да избегам од оваа држава, која се претвори во гробишта за животни“, изјави Бардо.

Ден порано, претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за давање на руско државјанство на актерот Жерар Депардје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња