Во Свердловската област има недостаток од 4.000 доктори

Во Свердловската област во Русија има недостаток од 4.000 доктори.

Во Свердловската област во Русија има недостаток од 4.000 доктори. За ова се соопштува на прес-конференцијата на министерот за здравство на областа, Аркадиј Белјавскиј. Во исто време, според него, во 2012 година за прв пат ситуацијата почнала да се менува кон подобро. „За 11 месеци во 2012 успеавме да вработиме 183 доктори“, соопштил Белјавскиј. Исто така, тој истакнал дека најмногу специјалисти се вработени во Каснотуринск - 32 доктора.

„Отсега раководителите на болниците носат лична одговорност за доверениот кадровски состав, и тие треба да работат за да не си дадат откази специјалистите. Месната власт бара раководителите на општинските управи да им помагаат на докторите во добивањето на станбен простор. Во тие области, каде што градоначалниците реално се грижат за жителите, нема недостаток од доктори. На пример, во една од болниците во Каменската населба има 100% обезбеденост од кадар. Тоа е така, затоа што на сите им е обезбеден станбен простор“, соопшти министерот.

Според информацијата од Белјавскиј, средната плата на докторите во Свердловската област е 42 илјади рубљи (околу 63.000 денари) месечно. Како што тврди министерот, во 2012 година во регионот пораснала платата на тесните специјалисти - докторите почнаа да добиваат плус 10-12 илјади рубљи, а медицинските сестри - 5 до 6.000 рубљи повеќе.

Во 2012 година во Краснојарскиот крај, Камчатка, Хабаровскиот крај, Саратовската и Амурската област, Иркутск и Казањ - е прогласен дефицит на медицински кадри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња