„Руска реч“ со печатен прилог на македонски јазик

На 5-ти јануари, во весникот „Нова Македонија“ ќе излезе првиот број на прилогот на „Руска реч“ на македонски јазик.

На 5-ти јануари, во весникот „Нова Македонија“ ќе излезе првиот број на прилогот на „Руска реч“ на македонски јазик. Овој додаток е подготвен од „Российская газета“ во рамките на меѓународниот проект Russia Beyond The Headlines, заедно со „Нова Македонија“. 
Преку печатениот прилог на 16 страници, македонските читатели ќе дознаат за динамиката на развој на билатералните односи меѓу Русија и Македонија, најзначајните настани во Русија во 2012 година, успесите на воената индустрија, руските новогодишни и божиќни традиции и многу друго! Дополнителни ексклузивни материјали за Русија, читателите од Македонија ќе можат да најдат на сајтот ruskarec.mk.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.