Роскосмос потпиша договор со Институтот за космички истражувања при Руската академија на науки и уметности за создавање на научна апаратура за проектот „Егзомарс“. За тоа соопштува РИА Новости, цитирајќи извор во космичката сфера.
Со РАН се склучени три договори, кои ќе важат во 2013 и во дел од 2014 година. Нивната сумата изнесува 306 милиони рубљи (околу 450 милиони денари).
Проектот „Егзомарс“ е поделен на два дела. Во првата етапа се предвидува во 2016 година кон Марс да се лансира орбитален апарат за истражување на гасовите (Mars Trace Gas Mission, "TMG"). Во 2018 година сателитот треба да биде придружен од возилото „Егзомарс“. Договорите со РАН предвидуваат создавање опрема за двете мисии.
На почеток „Егзомарс“ бил инициран од Европската вселенска агенција, а потоа кон европејците се приклучија и американците. Сепак, во февруари 2012 година НАСА неочекувано се повлече од „Егзомарс“ поради проблеми со финансиите. Како резултат на тоа, европејците се обратија за помош кон Роскосмос. Русија ја предложи не само ракетата-носител „Протон“, но и да учествува во научниот дел од мисијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче