Почнува издавањето на универзалните електронски картички во Русија

Во Русија од Новата година почнува издавањето на универзалните електронски картички.

Во Русија од Новата година почнува издавањето на универзалните електронски картички (УЕК), кои ќе обезбедат за корисниците добивање во електронски вид на државни услуги, како и услуги од локалните установи, а исто така може да послужи и за плаќање на комуналните трошоци, користење на јавниот превоз, купување на производи и услуги итн.

Оваа картичка треба на граѓаните на Руската Федерација да им обезбеди пристап до државните услуги. Таа ќе може да се користи преку банкомати, терминали, па дури и преку сопствените компјутери дома.

Од 1 јануари 2013, универзалните електронски картички ќе се даваат после давањето писмено барање, а од 1 јануари 2014 - на сите граѓани на Руската Федерација, освен оние кои писмено ќе се откажат од добивањето на картичката. Издавањето на универзалната електронска картичка е бесплатно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња