Од 1 јануари 2013 се забранува секој вид реклама за било кој вид алкохол во печатените средства за масовно информирање, додека на Интернет се забранува рекламирањето на жестоки пијалаци.
Освен ова, на производителите им забранија секакви стимулирачки акции или промоции од типот “купи едно шише вотка - второто е бесплатно“.
Половина литар вотка во продавниците веќе не може да се купи поевтино од 170 рубљи (околу 260 денари). Досега оваа цена изнесуваше 125 рубљи (околу 190 денари).
Според антиалкохолната концепција, која беше прифатена од владата во 2010 година, се планира да се заврши со традициите на руското пијанство веќе во 2020 година.
Цените на виното, како и порано, ќе бидат определувани од пазарот.
Во вакви услови, многу граѓани на Русија се решаваат за правење домашна вотка. Во секој случај, оваа варијанта е возможна само во селата. Но, законодавците не „дрема“. Тие предложија законски проект со кој ќе се забрани правењето и продажбата на ваквата „домашна вотка“. Засега е дозволено да се прави ваква домашна вотка, но само за домашно „користење“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче