Во 2013 можен е пад на цените на автомобилите во Русија

Експертите предвидуваат намалување на цените во Русија.

Експертите регистрираа намалување на побарувачката на нови автомобили кон крајот на 2012 година. Кај некои дилери се забележуваат се поголеми количини непродадени автомобили. Сепак, ваквата ситуација тешко дека ќе доведе до раст на цените на автомобилите во првата половина од 2013.

Податоците од статистиката ја потврдуваат негативната тенденција. Во септември рускиот пазар за продажба на автомобили се зголемил само за 10%, а во октомври - за 5%.

Во ноември, и покрај прогнозите, немало никакво зголемување во продажбата на нови автомобили.

Експертите предвидуваат намалување на цените во Русија, што ќе биде предизвикано од зголемувањето на конкуренцијата меѓу дилерите.

Како дополнителна информација - во 2012 во Русија биле продадени 2,6 милиони автомобили, што е за 6% повеќе од бројот во 2011 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња