Претседателот Владимир Путин им ја честита Нова Година и Божиќ на претседателите на другите држави и влади и раководители на меѓународни организации. Честитката е објавена на веб-сајтот на Кремљ.
Во честитката Владимир Путин нагласува дека Русија и „понатаму ќе ги развива и јакне односите ќе води конструктивен дијалог и ќе продолжи со продуктивната заедничка работа“, со сите странски партнери. Оваа порака е упатена до Барак Обама, Раул Кастро, Марио Монти, Ангела Меркел, Дејвид Камерон и други.
Во честитката, особено е издвоен претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, на кој му посакува побрзо опоравување. Покрај активните претседатели на влади и шефови на држави, честитки добија и некои поранешни раководители на држави, помеѓу кои се Силвио Берлускони, Џорџ Буш и Никола Саркози.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче