Русите добија нова потрошувачка кошничка

Потрошувачката кошничка во Русија порасна: за еден возрасен - на 200 рубљи (околу 300 денари), за пензионер - 411 рубљи (околу 600 денари), за дете - 250 рубљи (околу 375 денари) на ден.

Потрошувачката кошничка во Русија порасна: за еден возрасен - на 200 рубљи (околу 300 денари), за пензионер - 411 рубљи (околу 600 денари), за дете - 250 рубљи (околу 375 денари) на ден.

И начинот на кој ќе се „полни“ кошничката - е нов. Сега, на пример, во неа има повеќе месо и риба. Еден возрасен сега добива околу 59 килограми месо, наместо досегашните 32 килограма; 18 килограми риба, место досегашните 16. Зеленчук, овошје и јајца - исто така има повеќе. На сметка на овие продукти, други продукти сега се помалку застапени. Тоа се однесува, пред сѐ, на лебот, компирот и други производи кои имаат маснотии. Експертите процениле дека луѓето треба да јадат на половина помалку масло и маргарин, отколку што досега јадеа.

Потрошувачката кошничка - е доста релативен поим. Таа се создава не за да луѓето се ориентираат на неа при одењето во продавница, туку како помошно средство при определувањето на егзистенцијалниот минимум - паричниот еквивалент на вредноста на потрошувачката кошничка. За разлика од потрошувачката кошничка, која се ревидира еднаш во пет години, големината на егзистенцијалниот минимум се менува на секои три месеца врз основа на цените не продуктите за јадење, стоките и услугите. Во Русија егзистенцијалниот минимум се определува од владата, а на ниво на региони - од локалната власт. Тој треба да ги содржи најосновните продукти, стоки и услуги, кои што човек со ниски приходи може да ги добие. Затоа големината на егзистенцијалниот минимум ги детерминира и останатите пресметки за социјални исплати - пензии или додатоци. Ако значително се зголеми вредноста на потрошувачката кошничка, тогаш пропорционално ќе пораснат и другите параметри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.