Поддршка за руската кинематографија

Во 2013 година, за поддршка на руската кинематографија, државата ќе издели 5,3 милијарди рубљи (околу 130 милиони евра), колку што изнесувала помошта и во минатата, 2012 година.

Во 2013 година, за поддршка на руската кинематографија, државата ќе издели 5,3 милијарди рубљи (околу 130 милиони евра), колку што изнесувала помошта и во минатата, 2012 година.

3 милијарди рубљи ќе бидат дадени за производство на долгометражни играни и анимирани филмови, кои ќе бидат снимени од најистакнатите кинематографски куќи во Русија, како и од други организации. Останатите пари министерството ќе ги раздели на филмови за деца и млади, со социјална тематика, документарни, научно-фантастични, анимациски и авторски. Државни средства се предвидени и за рекламирање на руските филмови и на меѓународниот пазар. Со таа дејност ќе се занимава Роскино. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.