Нови хеликоптери за полицијата во Краснодарскиот крај

Во аеродромот Белевци, во Краснодарскиот крај, беа покажани можностите на новата техника која ја доби полицијата во тој дел на Русија.

Во аеродромот Белевци, во Краснодарскиот крај, беа покажани можностите на новата техника која ја доби полицијата во тој дел на Русија.

Полицијата ја доби следнава техника:

- Хеликоптер Ми-8АМТ (хеликоптер со најдобри практични резултати; во него собира 28 падобранци; тежи 13 т.),

- Хеликоптер КА-226 (тежина 3 т.; опремен е со камери за да снима сѐ што се случува во негова близина),

- Беспилотни летала (во нив има мала камера преку која се пренесуваат дејствата околу беспилотното летало во центарот за управување).

За да се служи во хеликоптерот, треба да се помине специјална подготовка, да се знае опремата и да се управува со неа. За да се добие добра слика од камерите на леталата, операторот треба беспрекорно да знае да управува со џојстик, појасни капетанот на полицијата, Јана Всјанскаја - единствената жена-пилот во тој дел на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.