ММФ ги намали прогнозите за руската економија

ММФ ги намали прогнозите за растот на руската економија и буџетските показатели. Како главен виновник за намалување е посочена цената на нафтата.

ММФ ги намали прогнозите за растот на руската економија и буџетските показатели. Како главен виновник за намалување е посочена цената на нафтата.

Растот на економијата во 2013 година ќе изнесува 3,9%, наместо досегашната прогноза од 4%, се кажува во извештајот на фондот „Перспективи за развој на светската економија“ (World Economic Outlook). Порано ММФ предвидуваше дека суфицитот во буџетот во 2012 година ќе изнесува 0,6%, а сега се проценува дека ќе изнесува 0,1% од националниот БДП. За 2013 година се проценува дека буџетот ќе има дефицит од 0,7% од БДП. Државниот долг, според ММФ, во оваа година ќе се зголеми на 11,3%, наместо претходната прогноза од 7,9% од БДП.

Новата прогноза е составена според динамиката на цената на нафтата, објаснува директорот на Центарот за развој на „Високата школа за економија“, Наталија Акиндинова. Во првиот квартал од 2012 година имаше благопријатна надворешна конјуктура, и можно беше лесно да се оценат перспективите на суфицитот во буџетот и темпото на економскиот раст. Сега цените на нафтата се намалени, и ништо не ветува дека повторно ќе почнат да растат, смета експертот. А други извори за раст на руската економија, освен суровинските, ММФ не гледа.

Со оваа гледна точка е согласен и главниот економист на „Финам Менаџмент“, Александар Осин. Притоа, експертот не гледа проблеми кога станува збор за растот на државниот долг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња