Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (9)

Русите најбројни на Интернет.

9. Интернет-револуција: Русите најбројни на Интернет

Во Русија се случи интернет-револуција - денес речиси 100% од младите влегуваат во Мрежата. Русија е на прво место по бројот на корисници на Интернет, надминувајќи ја Германија и Франција. Пред 10 години ретки корисници на модеми цела минута и повеќе чекаа за да им се отвори една страница, а денеска активно го користат Интернетот повеќе од половината возрасни граѓани на Русија, и секое дете знае што е тоа „скачать“ (симне). Ако може да се верува на анкетата на Google, руските студенти поминуваат околу 4 часа на Интернет дневно - најмногу од било која друга земја во светот. Порано по 4 часа се поминувало пред телевизор, а сега на Интернет.

Рунет (руски интернет - во другите јазици не постојат аналози) стана огромна сфера на живот на руската култура, политика и политичка рефлексија, пространство на слободен говор и комуникација, во кое се создаваат вредностите и свеста на тие што зборуваат руски. Таму, каде што се појавува Интернет, поимот „провинција“ ја губи смислата. Русија, на овој начин, престанува да биде интелектуална и културна провинција во светот. Колку и да е лоша состојбата со руското образование, секој што сака, може да добие прекрасно образование без да се тргне од компјутерот.

Секако, чиновниците измислуваат различни закони за да го попречат развитокот на овие позитивни моменти во Интернет, но Мрежата секогаш наоѓа начин како да ги надмине сите ограничувања. 

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (8)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња