Во првиот ден од новата година стапи во сила „законот Дима Јаковлев“, кој беше потпишан од Владимир Путин на 28 декември. Со овој закон, Русија се откажува од руско-американскиот договор за посвојување, потпишан меѓу државите на 13 јули 2011 година.
„Законот Дима Јаковлев“ - е одговорот од Русија за прифаќањето во САД на „законот Магнитски“, кој воведува визни ограничувања за одделни граѓани на Русија.
Рускиот закон предвидува составување на список на американци кои ги нарушиле правата на русите или извршиле престап кон нив. Ним им се забранува влезот во Русија. Оваа норма се распространува на сите граѓани кои ги нарушиле правата на граѓаните на Русија, не само на граѓаните на САД. Исто така, се воведува забрана за дејност во Русија на некомерцијалните организации, чија работа противречи на интересите на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче