Поминаа 15 години од последната деноминација на руската валута

Деноминацијата во1998 година, од која веќе поминаа 15 години, го создаде сегашниот изглед на банкнотите.

На први јануари, пред 15 години, се изврши деноминацијата на руската валута. Како резултат на таа деноминација, банкнотата од 1.000 рубљи загуби 3 нули, и се претвори во 1 рубља. Оваа одлука не предизвика негативни реакции кај населението, бидејќи истите беа познати уште неколку месеци до самата деноминација, кога Борис Елцин го потпиша указот. Новите пари, заедно со старите - биле во оптек цели 5 години после оваа деноминација.

За разлика од повеќето процеси, деноминацијата не носи ништо страшно во себе. Не само тоа, обично деноминацијата се користи како алатка после победата над хиперинфлацијата.

Деноминацијата од 1998 година не подразбирала конфискација на пари, и таа поминала спокојно. И ако има следна, како што ветија руските власти пред пет години, кога биле најизразени слуховите за ново кратење на нулите - за неа благовремено ќе бидат известени граѓаните.

„Сега нема смисла да вршиме деноминација“, забележува првиот заменик на претседателот на Централната Банка, Георгиј Лунтовскиј. „Сѐ додека инфлацијата не биде доволно ниска, нема да размислуваме за тоа. А кога ќе достигне 1-2%, тогаш можеби ќе дојде таа точка на дневен ред“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња