Полесно до визи за работниците на компаниите кои инвестираат во Русија

Претседателот на Русија потпиша закон со кој се зголемува од една на пет години максималното времетраење на повеќекратната виза за претставниците или работниците на компаниите кои инвестираат во руската економија.

Законот ја упростува и процедурата за добивање виза за тие категории странци, чии компании соработуваат и инвестираат во Русија. Отсега руските органи ќе даваат визи без да има потреба од покана.

Според досегашната пракса, поканите за престој во Русија се даваа за 30 дена. Според овој закон, новата процедура ќе го намали значително времето на чекање.

Во законот дополнително се појаснува дека овие дејства ќе важат за странските компании кои инвестираат во иновацискиот центар „Сколково“ и меѓународниот финансиски центар.

Кои имено странски компании ќе можат да добијат виза по упростена постапка - ќе определи наскоро владата на Руската Федерација.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња