Нова година во Русија е незамислива без Божиќна елка. Ги има насекаде - од дворови до плоштади; ги има секакви - природни и вештачки. Главната елка стои на Соборниот плоштад во Кремљ. Висината на оваа елка обично е околу 30-тина метри и е стара најмалку 100 години. Годинава во Москва е направена и изложба на најдобро украсена елка. Изложбата ќе биде отворена на 8 јануари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.