8. Богучанската хидроелектроцентрала
Советскиот Сојуз имал многу причини за да се гордее со своите хидроелектростаници. За нив се снимале и филмови, и песни се пишувале. Воопшто не се ни замислува просечниот граѓанин од каде доаѓа електричната енергија која ја полни батеријата на нашите телефони и преносни компјутери. Во последниве три години во Русија се појавија три моќни хидроелектростаници: Загорската, Богучанската и Бурејската.
Богучанската хидроелектростаница започна со работа со 2012 и се најде на четвртото место во Русија според моќноста (од тие што се пуштени во употреба после 70-те години).
Првичниот план бил да се изгради хидроелектростаницата до 1988 до 1992 година, но на почетокот снемало пари, а потоа го снемало и Советскиот Сојуз. Цели 12 години ништо не се правело поради недостаток на финансиски средства.
На 15
октомври 2012 беа пуштени во употреба првите два хидроагрегата, а во ноември -
третиот. Кон крајот на декември беа пуште ни четвртиот, петтиот и шестиот
агрегат. Полната моќност станицата ќе ја достигне во 2014 година, кога ќе се
наполни целосно водената површина, или, т.н Ново Сибирско море.
Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (7)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче