Личниот инструктор по скијање на Владимир Путин и почесен претседател на Олимпискиот комитет на Русија, Леонид Тјагачов, објави дека е направен филм за стилот на возење на претседателот, кој има намера да го користи за обука на скијачи-почетници.
Тјагачев раскажа за весникот "Известија" дека техниката на возење на рускиот шеф на државата, по негово мислење, е толку добра, што снимки од неговото скијање можат да им бидат од голема полза на скијачите-почетници. Според зборовите на тренерот, иако Путин возел во недостапни и тешки терени и користел неквалитетни опрема, техниката му е достојна за имитација. "Постепено Путин достигна такви височини, што го пофалија професионалци од Швајцарија, Франција и Австрија. Тој има многу добра техника на свиоците и прекрасни движења со нозете ", забележува Тјагачев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче