САД најдоа начин како да се спасат од кризата и да ја избегнат рецесијата во почетокот на 2013 година. Наместо намалување на трошоците и зголемување на даноците, проблемот би можел да се реши со продавање на Алјаска.
Оваа идеја ја изнесе еден од бившите претставници на Министерството за финансии Џим Милстејн. Тој во своето излагање, посветено на американскиот државен долг во бизнис школата „Вартон“, предложи да се продаде Алјаска. Според него, прва на оваа понуда ќе реагира Русија, која 126 години ја поседувала таа територија, додека не ја продала на САД во 1876 година за 7,2 милиони долари. Втор потенцијален купувач е Кина.
„Сметам дека продажбата би била огромна штета, но ако не се најде компромис за трошоците и прашањето за даноците, тогаш таа би била неопходна, иако би била понижувачка“, заклучи Милстејн.
По купувањето од страна на Русија, Алјаска во 1959 година е вклучена како американска сојузна држава со главен град Џуно. Таа денес претставува всушност најголемата држава на САД со површина од 1.717.855 km², и население од 663.661 жители.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче