Идентификувани телата на сите загинати во несреќата на Ту-204

Идентификувани се жртвите од трагедијата на аеродромот „Внуково“.

Сите тела на загинатите во авионската несреќа на авионот Ту-204 на аеродромот „Внуково“ се идентификувани, соопшти Истражната комисија.

Комисијата работи и на расчистување на причините за несреќата – земени се примероци од горивото и снимките од пилотите и диспечерските служби на аеродромот.

Повредените се во тешка и критична состојба, а штом нивната состојба се стабилизира, ќе бидат испрашани од инспекторите.

Специјалисти од Меѓународната авионска комисија собраа податоци од црната кутија и започнаа со анализа на истата. Ќе се разгледуваат три можни причини за несреќата: грешка на пилотите, неповолни временски услови и неисправна техника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња