Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (7)

Бованенковското наоѓалиште на гас

7. Бованенковското наоѓалиште на гас

Дека руската историја - е историја на непрекината колонизација, пишувал одамна Василиј Клучевскиј. Гигантските неосвоени пространства ги нарекувал „проблем“ еден од најдобрите писатели - Александар Солженицин. Активирањето на Бованенковското наоѓалиште на природен гас, кој се наоѓа во бескрајната арктичка пустина на полуостровот Јамал - не е само голем успех на руската индустрија за гас, но и важен чекор за внатрешна колонизација, за освојување на северните периферии на Русија.

„Ниту една држава во светот не градела ништо во арктичките рамнини“, изјави Алексеј Милер, директор на „Гаспром“.

Веќе делумно е изградена инфраструктурата за експлоатација на гасот. Изграден е првиот гасовод со должина од 1.240 километри. Целосно ќе биде завршена изградбата на инфраструктурата во 2016 година.

Резервите на гас се проценуваат на 4,9 трилиони кубни метри гас. Само за споредба: светската годишна потрошувачка на гас за една година изнесува 3,2 трилиони кубни метри. Ако тоа не е доволно импресивен број - тогаш да ви кажеме дека на целиот полуостров Јамал, резервите од гас се проценуваат на 26,5 трилиони кубни метри гас. Според досегашната потрошувачка, тоа е доволно овој полуостров да го снабдува целиот свет со гас во период од 7-8 години. Русија нема потреба да се плаши за својата енергетска иднина, или иднина на енергетска супер-држава. 

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (6) 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња