Повеќе од половина руси жалат за распадот на СССР, пред сѐ, постарите жители, кои не користат Интернет, луѓе со низок степен на образование - кажуваат резултатите од анкетата која е извршена од Серускиот центар за изучување на општественото мислење.
Според податоците на анкетата, за распадот на Советскиот Сојуз жали денеска секој втор анкетиран граѓанин (56%). Пред десет години оваа цифра изнесуваше 65%. Како правило, жалат за распадот лицата постари од 45 години (70-83%), со низок степен на образование (72%) и кои не користат Интернет (75%).
Не жалат за распадот на СССР 33% од испитаниците (пред десет години - 27%). Тоа е во најголем број младината (54%), луѓе со високо образование (37%) и активни корисници на Интернет (43%).
Две третини од русите се уверени дека СССР го помагал економскиот и културниот развиток на народите кои живееле на неговата територија. Пред сѐ, тоа го сметаат постарите испитаници (84%). Во обратното е убеден секој петти жител (20%).
Според податоците на Серускиот центар за изучување на општественото мислење, во 1998 година, распадот на Сојузот го сметале за неминовен 25% од испитаниците, а денеска - третина (35%).
Сепак, половина од испитаниците сметаат дека распадот на СССР би можел и да се избегне (55%). Веднаш после распадот било тешко да се именува, поради кои причини се распаднал СССР, но најголемиот број сметаат дека за тоа е виновна неефективноста на комунистичката држава во услови на премин кон демократија, како и погрешниот курс на Горбачов, Шеварнадзе и Јаковлев - се кажува во резултатите од анкетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче