Во Русија пивото нема да се продава во трафики

Пивото нема да може да се купи во продавници кои се помали од 50 квадратни метри.

Пивото нема да може да се купи во продавници кои се помали од 50 квадратни метри од 1 јануари 2013 година, а во обичните продавници, од 23.00 ќе биде забранета продажбата на пиво.

Одделни поправки во законот за регулирање на производството и продажбата на алкохолна продукција стапија во сила на 1 јули 2012 година. Тогаш беше забранета продажбата на мало на пиво и слични пијалаци со содржина на 5% и повеќе алкохол од 23 до 8 часот. Од 1 јануари оваа политика ќе се распространи на сета продукција на пиво, без разлика колку алкохол содржи.

На овој начин пивото ќе се стави на исто рамниште и со другите видови алкохол, за кои исто така постои ова ограничување. Освен тоа, законот предвидува забрана за продажба на алкохолни пијалаци на површини помали од 50 квадратни метри, т.е. забрана за тргување во трафики и мали продавници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња