Москва нема да поддржи воена акција во Сирија

Москва нема да ја поддржи резолуцијата на Советот за Безбедност на ООН.

Москва нема да ја поддржи резолуцијата на Советот за Безбедност на ООН за главата 7, бидејќи таа ќе отвори пат за надворешна воена интервенција во Сирија. Ова го изјави шефот на МВР на Русија, Сергеј Лавров после преговорите со специјалниот претставник на ООН, Лахдар Брахими.

Според зборовите на министерот, сите меѓународни играчи настапуваат против надворешната воена интервенција во Сирија.

Русија и Кина се плашат дека надворешното вмешување во Сурија и загубата на државноста ќе доведат до зголемување на конфликтите. Москва и Пекинг веќе трипати се послужиле со правото на вето за да го блокираат прифаќањето на резолуции околу Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња